МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
  • Македонски јазик
  • За учениците
    • ФБ страница за учениците
    • VI одделение >
      • ПИСМЕНИ РАБОТИ >
        • ПРВА ПИСМЕНА
      • ЕПИКА >
        • Проект - Омилено литературно дело
      • Фонетика
      • МОРФОЛОГИЈА >
        • Глаголи
        • Именки
      • Историја и дијалектологија VI одделение
  • ЗА РОДИТЕЛИТЕ
    • Мејлинг листа
    • Ваше катче
    • Стилови на учење
    • ФБ Група само за родителите
  • Видео упатства

ПРВА писмена работа во VI одделение

      Првата писмена работа е веќе закажана. Ќе ја правиме на 29. XI 2018 година, четврток, а оваа страна треба да ви помогне во подготовката. 
     На часот зборувавме за темата. Веќе рековме дека вие ќе треба да создадете своја приказна според зададен почеток. Затоа и темата за писмената работа е: „Си беше еднаш еден...“ (продолжи ја приказната). Веќе учевме за основните карактеристики на епиката, вежбавме како да ги препознаеме во еден текст, така што очекувам дека ќе ги примените и во својот состав.
      Од друга страна, знаете дека писмените работи се оценуваат, а оценката влегува директно во одделенскиот дневник. Затоа...

ВНИМАВАЈТЕ НА ВАЖНИ РАБОТИ:
  • Пишувајте само онаму каде што има линии на листот. Надвор од линиите не се пишува. (преземи примерок од ливчето за писмена работа.)
  • Пишувајте само со пенкало што пишува со сина боја. Ова е едниствена задача што ја пишувате со пенкало. Ниту една друга боја освен сината не е дозволена. Затоа, обезбедете си пенкала што пишуваат.
  • Почетокот на приказната е однапред зададен и не е дозволено да го менувате. Има четири различни почетоци, што значи четири различни приказни. Секој од вас ќе добие само еден од тие четири почетоци и не смеете да ги менувате меѓусебно. Затоа, подгответе се за четири различни приказни во текот на викендот.
  • Под дозволените линии за пишување на приказната има квадрат во којшто не смеете да пишувате. Тоа е место каде што јас, доколку имам коментар, пишувам. Значи, тоа е мој дел.
  • Под местото за коментар од наставник, има табела во којашто ги внесувам бодовите што сте ги освоиле за различни елементи на вашиот состав-приказна, и за оценка што одговара на тие бодови, изразени во проценти. Критериумите според кои ќе биде оценета писмената работа се одамна поставени на страницата ПРЕЗЕМИ, но можете да ги разгледате и во вашите училници.  (преземете критериуми според коишто ќе бидете оценети).

Еве ги можните почетоци:
Со среќа!
назад
Нема лифт до  УСПЕХОТ, мора да се качуваш скала по скала.