МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
  • Македонски јазик
  • За учениците
    • ФБ страница за учениците
    • Проекти
    • VII одделение >
      • Лектирни дела >
        • Оливер Твист
      • Постер
      • Проект постер >
        • Постер VII 1
        • Постер VII 2
        • Постер VII 3
        • Постер VII 4
        • Постер VII 5
        • Постер VII 6
      • Новинарски напис
      • Јазик >
        • Броеви
        • Множина кај именките
        • Гласовни промени
        • Поделба на согласките
      • Литература >
        • Композиција на поетски творби
        • Епика >
          • Митови, легенди, преданија
      • Историја и дијалектологија
    • VI одделение >
      • ПИСМЕНИ РАБОТИ >
        • ПРВА ПИСМЕНА
      • ЕПИКА >
        • Проект - Омилено литературно дело
      • Фонетика
      • МОРФОЛОГИЈА >
        • Глаголи
        • Именки
      • Историја и дијалектологија VI одделение
  • За родителите
    • Мејлинг листа
    • Ваше катче
    • Стилови на учење
    • ФБ Група само за родителите
  • Организери и упатства
    • Литература
    • Јазик
    • Изразување и творење
    • Медиумска писменост
    • Прилози
    • Видео упатства

ДЕБАТА

     Дебата е натпревар во аргументирано, убедувачко говорење во којшто две спротиставени страни се обидуваат да ја убедат публиката во исправноста на својот став и грешноста на ставот на противниците. Оттука, за дебата потребни се:
  • Афирмативен тим - тим што го потврдува тврдењето (темата);
  • Негативен тим - тим што го негира тврдењето (темата)
  • Публика - лица што тимовите ги убедуваат во точноста или грешноста на тврдењето;
  • Судии - лица коишто треба да ги оценат и тимот како целина и членовите на тимовите, а и да го прогласат победникот;
  • Водител - лице што ги претставува темата и тимовите и се грижи за почитување на правилата.
  • Правила - листа од строги правила за дебатирање. Нивното непочитување носи негативни поени коишто на крајот се одземаат од вкупниот број поени и можат да придонесат да се изгуби дебатата.
     Без кој и да е од овие елементи на дебатата, таа е неуспешна и неправилна. Затоа, добро проучете ги следните неколку прилози.
  1. Копче ФОРМАЛНА ДЕБАТА (упатства) - Дадени се објаснувања на сите членови во дебатата, како и упатсто како во 6 чекори да стасате до успешна дебата. Во истиот документ ги има и строгите правила на дебатирање во поглед на членовите на дебатниот тим и времетрањето и редоследот на дебатирање. (кликни подолу на копчето обележано ФОРМАЛНА ДЕБАТА (УПАТСТВА) за да ги симнеш упатствата и правилата на формалната дебата.)
  2. Копче САМООЦЕНУВАЊЕ - Дадени се точки преку коишто по дебатата ќе треба да се самооценат членовите од двата тима. Овој документ треба да ви послужи како водилка во самооценувањето, вистинското самооценување треба да биде состав во кој ќе бидат опфатени овие точки. (кликни на копчето обележано со САМООЦЕНУВАЊЕ за да го симнеш документот.)
  3. Копче СУДИСКА ОЦЕНКА - Судиите во дебатата треба независно и објективно да ја оценат успешноста на двата тима. Секој судија им доделува позитивни поени на говорниците за содржина, презентација и побиени аргументи, но и негативни поени за упаѓање во збор, непочитување на времето, непочитување на редоследот на зборување, повторување на аргументи и сл. На крајот, се собираат позитивните поени и од нив се одземаат негативните поени. Се собираат конечните поени од сите судии и дури потоа тимот со вкупно најмногу освоени поени се прогласува за победник. (кликни на копчето обележано со СУДИСКА ОЦЕНКА за да го симнеш документот.)

     
     Во развиени дебатни клубови, самите членови предлагаат теми, гласаат за нив и ги одбираат, не знаејќи дали ќе бидат во Афирмативен или Негативен тим. Тоа се решава со фрлање паричка. Затоа, подготовката за дебата треба да биде сериозна. Секој тим треба да се подгодготви и да истражува аргументи и ЗА и ПРОТИВ тврдењето. Ова е полезно зашто:
     а) однапред не се знае дали тимот ќе биде афирмативен или негативен, и 
    б) на овој начин се подготвени да ги предвидат аргументите на противникот, а со тоа и успешно да ги побијат.


ЗАПАМЕТИ: 
         ЗА ДОБРА ДЕБАТА НЕ Е ВАЖНО ШТО СЕКОЈ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ТИМОТ ЧУВСТВУВА ЗА ТЕМАТА/ТВРДЕЊЕТО (дали е ЗА или ПРОТИВ), ТУКУ КОЛКУ АРГУМЕНТИРАНО ЌЕ ЈА ЗАСТАПУВАТЕ СВОЈАТА СТРАНА И ТИМОТ; КОЛКУ СТЕ УБЕДЛИВИ, ДОСЕТЛИВИ, СНАОДЛИВИ ВО ПРИВЛЕКУВАЊЕТО НА МИСЛЕЊЕТО НА СУДИИТЕ И ПУБЛИКАТА НА СВОЈА СТРАНА!!!

     Сите ваши прашања ги очекувам во понеделник и вторник (18 и 19. III 2013 год.) на училиште.


Наставничката! :)
Нема лифт до  УСПЕХОТ, мора да се качуваш скала по скала.