МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
  • Македонски јазик
  • За учениците
    • ФБ страница за учениците
    • Проекти
    • VII одделение >
      • Лектирни дела >
        • Оливер Твист
      • Постер
      • Проект постер >
        • Постер VII 1
        • Постер VII 2
        • Постер VII 3
        • Постер VII 4
        • Постер VII 5
        • Постер VII 6
      • Новинарски напис
      • Јазик >
        • Броеви
        • Множина кај именките
        • Гласовни промени
        • Поделба на согласките
      • Литература >
        • Композиција на поетски творби
        • Епика >
          • Митови, легенди, преданија
      • Историја и дијалектологија
    • VI одделение >
      • ПИСМЕНИ РАБОТИ >
        • ПРВА ПИСМЕНА
      • ЕПИКА >
        • Проект - Омилено литературно дело
      • Фонетика
      • МОРФОЛОГИЈА >
        • Глаголи
        • Именки
      • Историја и дијалектологија VI одделение
  • За родителите
    • Мејлинг листа
    • Ваше катче
    • Стилови на учење
    • ФБ Група само за родителите
  • Организери и упатства
    • Литература
    • Јазик
    • Изразување и творење
    • Медиумска писменост
    • Прилози
    • Видео упатства

именки

    Именките се менливи зборови со коишто се именуваат суштества, предмети, појави, географски поими, чувства итн. Имаат три граматички категории: род, број, определеност. (пр.: Маја, молив, пролет итн.)
1. Видови именки


       До шесто одделение, научивте што се именки и нивната општа поделба на сопствени и општи именки. Ајде тука уште еднаш да појасниме и да дополниме.
а) сопствени именки
     Со нив се именуваат суштества и други поими одвојувајќи ги и поблиску дефинирајќи ги. Сопствените именки се пишуваат со голема почетна буква. Такви се именките што именуваат:
  • лични имиња - имиња, презимиња и прекари на суштества или на предмети коишто ги чувствуваме како личности. (на пр.: мојата кукла се викаше Маја.)
  • имиња на географски поими - реки, планини, долини, мориња, езера итн.
  • имиња на населени места - населби, села, градови итн.


б) општи именки
    Со овие именки се искажуваат имиња на предмети, суштества и други замислени поими коишто ги земаме како претставници. Тие се пишуваат со мала почетна буква, а се делат на:
       - општите именки ги делиме на:
  • апстрактни - поими коишто не можеме да ги допреме или да им ја одредиме формата. Нив можеме само да ги почувствуваме и/или да ги замислиме. (на пр.: зима, страв, љубов, небо итн.
  • конкретни - поими што можеме да ги допреме, да ја почувствуваме нивната површина, да ги објасниме и опишеме нивната текстура и форма.

       - конкретните именки ги делиме на:
  • избројливи - именки за коишто можеме да одредиме приближно или точно количество примероци, те. можеме да ги преброиме. (на пр.: маса, завеса, молив, чевел итн.)
  • неизбројливи - именки коишто не можеме да ги преброиме, те. за нив можеме само да кажеме „многу“ примероци.

       - неизбројливите именки ги делиме на:
  • материјални - именки со коишто се именува материјал од којшто нештото е направено. (на пр.: пластика, стакло, брашно, шеќер итн.)


  • збирни - именки што сами по себе означуваат групи од примероци. (на пр.: мебел, членство, народ итн.)
в) именки што означуваат дејства
       Овие именки потекнуваат од глаголи. Се пишуваат со мала почетна буква. Тие се делат на:
  • глаголски именки - искажуваат име на дејствата. Се образуваат со наставката -ње. (на пр.: пеење, одење, свирење, зборување итн.)
  • поименчени глаголски именки - ја изгубиле својата карактеристика на дејство, денес ги гледаме само како именки, не помислувајќи дека потекнуваат од глагол. (на пр.: борба, растение, признание итн.)

2. Граматички категории кај именките
      За полесно да ги разбереш и совладаш граматичките категории кај именките, погледни ја следнава презентација. Потоа, направи си план во тетратката.
морфологија
Нема лифт до  УСПЕХОТ, мора да се качуваш скала по скала.