МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
  • Македонски јазик
  • За учениците
    • ФБ страница за учениците
    • Проекти
    • VII одделение >
      • Лектирни дела >
        • Оливер Твист
      • Постер
      • Проект постер >
        • Постер VII 1
        • Постер VII 2
        • Постер VII 3
        • Постер VII 4
        • Постер VII 5
        • Постер VII 6
      • Новинарски напис
      • Јазик >
        • Броеви
        • Множина кај именките
        • Гласовни промени
        • Поделба на согласките
      • Литература >
        • Композиција на поетски творби
        • Епика >
          • Митови, легенди, преданија
      • Историја и дијалектологија
    • VI одделение >
      • ПИСМЕНИ РАБОТИ >
        • ПРВА ПИСМЕНА
      • ЕПИКА >
        • Проект - Омилено литературно дело
      • Фонетика
      • МОРФОЛОГИЈА >
        • Глаголи
        • Именки
      • Историја и дијалектологија VI одделение
  • За родителите
    • Мејлинг листа
    • Ваше катче
    • Стилови на учење
    • ФБ Група само за родителите
  • Организери и упатства
    • Литература
    • Јазик
    • Изразување и творење
    • Медиумска писменост
    • Прилози
    • Видео упатства

Поетски творби

       Веќе знаеме дека во разгледувањето на една поетска творба треба да следиме неколку точки.
  1. Чувства
  2. Мотив
  3. Вид
  4. Композиција
  5. Стилски квалитети
  6. Поетски слики
         За чувствата, мотивот, видот и поетските слики зборувавме повеќе минатата година. Оваа година ќе се задржиме повеќе на композицијата и ќе ги дополниме знаењата со нови стилски фигури.

Композиција на поетска творба

       Во композицијата на една поетска творба ги разгледуваме нејзините надворешни обележја, те. она што може да го забележиме без детално да ја читаме и да ја разбереме содржината. Значи:
  1. Стихот: вид на стихот според бројот на слоговите во него.
  2. Строфата: астрофична или строфична; вид на строфата според бројот на стиховите во неа.
  3. Римата: бел или врзан стих; вид на римата според а) местото на римуваните стихови, и б) бројот на слогови во римуваните зборови.

       На часовите вежбавме. Обидете се и самите. Најдете една поетска творба во учебникот или во збирка поезија (на пр.: „Црни и жолти“ од Славко Јаневски што ја обработувавте вo VI одделение)

Нема лифт до  УСПЕХОТ, мора да се качуваш скала по скала.