Мит
Мит е грчки збор што значи приказна, раскажување. Митот е дел од народното (усното) творештво и во него се раскажува за божества, јунаци и херои. Не ретко се поврзува со старите религии во кои имало божества за различни природни појави, настани коишто луѓето не можеле да си ги објаснат (на пр.: громови, пожар, земјотреси, суша, итн.).
Словенска митологија
До сега повеќепати сте зборувале за грчката митологија и за римската митологија. Тие се најпознати. Дури и некои планети и соѕвездија се именувани според нив. Ама, овојпат нема да зборуваме за нив. Овојпат ќе зборуваме за словенската митологија. Ова се само некои од старите словенски божества:
- Сварог - богот на сонцето, го создал светот и светлината.
- Перун - врховен бог; бог на громот, владетел на светот и на вселената.
- Чернобог (Црнбог) - бог на несреќите, болестите и злобата.
- Световид - бог-заштитник на обичните луѓе.
- Среча - божица на среќата и успехот.
- Радегаст (Радогост) - бог на гостољубивоста.
- Сива (Жива) - божица на животот.
- Белбог - бог на светлината, здравјето.
- Весна - божица на пролетта и добрината.
- Подага - божица на ловот и дивечот.
- Велес - бог на богатството и заштитник на домашните животни.
- Дажбог (Дајбог) - бог на плодноста.
- Лада - божица на љубовта.
- Морана - божица на смртта.
Проект - задача:
Твојата задача се состои во тоа да си одбереш ЕДЕН од словенските богови и да го претставиш пред одделението.
Сепак, не е сѐ толку едноставно. Потребно е да ги следиш следниве правила:
Сепак, не е сѐ толку едноставно. Потребно е да ги следиш следниве правила:
- Задачата е индивидуална - значи, секој ученик треба самостојно да истражува и да изработи своја задача.
- Проектот треба да биде изработен на лист од блок бр. 5 (истиот што го користиш за предметот ликовно образование).
- Текстот треба да биде напишан ЧИТЛИВО, со рака, со кирилично писмо, а НЕ отпечатен и лепен.
- Текстот треба да е пишуван со фломастер.
- Проектот треба да има илустрации коишто може да бидат цртани, боени, печатени, лепени (но внимавај на квалитетот на фотографијата). Илустрацијата може да е нешто што е карактеристично за божеството (на пр. гром/молња, а не целото божество).
- Техничкото уредување е твое, но внимавај на маргините, редот и проредот, големина на буквите и должината на текстот, поставеноста на елементите и симетријата и сл.
Сите овие барања што ги наведов се всушност дел од вреднувањето на проектот, покрај содржината, правописот, држењето и дикцијата на говорот.
Рок за проектот |
Проектот започнува на:
|
Задачите треба да бидат предадени најдоцна до крајот на нашата смена на:
|